Connect with us

Фудбал

УЕФА отвори официјална истрага за Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, ако не се откажат, жестоки казни

Се чини дека на трите најголеми одметници нема да им се прогледа низ прсти. УЕФА отвори и официјална истрага за Суперлигата, поточно против трите клубови Реал Мадрид, БАрселона и Јувентус, кои се уште не ја напуштиле идејата околу формирањето на вакво натпреварување.

-Во согласност со членот 31 (4) од дисциплинските правила на УЕФА, истражителите при етичката и дисциплинска комисија на УЕФА денеска добија задача да истражат можно кршење на правилата од страна на Реал Мадрид, Барселона и Јувентус со таканаречениот проект Суперлига, се вели во соопштението.

Реал Мадрид, Барселона и Јувентус одбиваат да се спогодат, ниту пак да го напуштат проектот за Суперлига. Сепак, доколку останат на својот став, можни се драстични казни.

Како што објави Скај Спорт, можна е суспензија од две години од УЕФА, плус некаква парична казна, освен ако не се согласат и потпишат спогодба со УЕФА дека се откажуваат од Суперлигата.