Фудбал
Анализа на „Сан“: Македонија нема да ја помине групата на ЕП
Македонија летово ќе дебитира на ЕП. Континенталниот собир почнува на 11-ти јуни, а ќе трае еден месец. Нашата фудбалска репрезентација е во група со Холандија, Австрија и Украина. Првиот меч Македонија го игра на 13-ти јуни против Австрија, потоа следува Украина и за крај на групната фаза Холандија. Според британски „Сан“ тоа би било се од Македонија на ова првенство. Според анализата која тие ја направиле, нашата репрезентација нема да успее да ја помине групната фаза.
„Сан“ анализира дека пласманот на Македонија на ЕП е фантастична работа, но сепак како што велат, со оглед на квалитетот во групата во која се наоѓа учеството ќе заврши во групната фаза.