Фудбал
Кавани го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед, а потоа „удри“ по раководството
Поради одличните партии оваа сезона, Единсон Кавани го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед на уште една сезона. Во сите натпреварувања Уругваецот оваа сезона одигра 37 мечеви, постигна 15 голови и шест асистенции.
Но, само неколку дена подоцна откако ја официјализираше новата соработка, „удри“ по раководството на Манчестер Јунајтед. Не му се допаѓа идејата за Суперлигата, која ја поддржуваат сопствениците на овој клуб.
-Воопшто не ги делам идејите за тоа натпреварување. Не се согласувам со тоа. Не можете на клубовите кои се финансиски скромни да им ја ускратите можноста за играње во Лигата на шампионите, или да стопирате просечните клубови да сонуваат за големи натпреварувања и да имаат место во елитата. Не можете да им го ускратите правото на навивачите на тие кубови за доживување на едно такво искуство, вели Кавани.
Како што е познато шест англиски тимови потпишаа документ за создавање на Суперлига, а подоцна се повлекоа. Тоа се клубовите Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Манчестер Сити, Челзи и Тотенхем. Сега идејата за Суперлигата ја поддржуваат единствено Реал Мадрид, Барселона и Јувентус.