Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Хандановиќ в лице му кажа на судијата што направи од мечот со Јувентус, а Перишиќ тоа го стори на Инстаграм

Не стивнуваат реакциите по влерашното дерби во кое Јувентус од сомнителен пенал дојде до победа против Интер од 3:2. Критики на адреса на судијата Џанпаоло Калварезе пристигнуваат од сите страни, бидејќи според видеата пенал немаше врз Квадрадо од Перишиќ.

Се појави и видео во кое се гледа како голманот на Интер, воедно капитен на тимот, Самир Хандановиќ в лице му рече на судијата: Го уништи натпреварот. Нешто слично порача и Перишиќ, но тој преку социјалните мрежи.

Перишиќ објави фотографија и напиша: Против сите и секого!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivan Perišić (@ivanperisic444)