Фудбал
МВР најави кривични пријави за навивачите на Шкендија кои денеска и покрај забраната влегоа на стадионот во Тетово
На последниот меч од оваа сезона, Шкендија на домашен терен играше против Шкупи (1:1). Токму на овој меч се доделуваше шампионскиот пехар за тетовскиот тим. Ова беше причината поради која навивачите, популарните „Балисти“ одлучија и покрај забраната поради пандемијата со коронавирусот да нема навивачи на стадионите и салите, да влезат на трибините. Делегатот го прекина мечот, бараше да го напуштат стадионот, а откако реагираа играчите и раководството на тимот тие заминаа. Сепак, како што информираат од СВР Тетово ќе има кривични пријави за оние кои влегле на стадионот.
-Пред крајот на дуелот од последното коло во Првата македонска фудбалска лига дел од „Балистите“ влегоа на стадионот прекршувајќи ги мерките пропишани за спречување на ширење на Ковид-19. Полициски службеници презедоа соодветни мерки и беа обезбедени услови за натпреварот регуларно да заврши, а против прекршителите ќе бидат изготвени кривични пријави, велат од СВР Тетово.