Фудбал
Каков циркус во славниот Аргентински клуб, едвај „скрпија“ тим за Копа Либертадорес, на голот ќе застане играч, немаат голмани
Ривер Плата ноќеска во 2 часот по полноќ игра против Санта Фе во рамките од Копа Либертадорес, како што во Европа е ЛШ. Но, големи проблеми има славниот аргентински тим. Имено, тренерот Марсело Гаљардо едвај „скрпи“ 12 фудбалери за овој меч. На голот дури и ќе застане фудбалер, бидејќи голмани немаат. Сето ова е поради тоа што дури 25 членови на тимот добија позитивни тестови на коронавирус.
Раководните лица на КОНМЕБОЛ уште пред стартот на сезоната биле свесни дека може да се случи едно вакво црно сценарио, па на клубовите им дале можност да пријават дури 50 фудбалери наместо 25. Луѓето во Ривер очигледно не верувала во можноста повеќе од половина тим да се зарази, пријавил само 32 фудбалери па сега ќе мора да настапат без голман.
Како што пренесуваат медиумите, речиси сигурно е дека помеѓу стативите ќе стои фудбалерот од средниот ред, Енцо Перез кој се повреди пред неколку дена и не требаше да биде во комбинација за мечот.