Connect with us

Фудбал

Енрике му се јавил на Рамос: Не беше лесно, но не е во состојба да игра и тренира

Капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос нема да игра на ЕП кое започнува на 11-ти јуни. Ова го потврди селекторот на Шпанија Луис Енрике на прес конференцијата.

-Долго размислувавме за оваа одлука. Во неделата имавме приватен разговор. Не беше лесно, но морам да се држам до она што мислам дека е најдобро за репрезентацијата, изјави Енрике и притоа додаде:

-Не е во состојба да игра, ниту да тренира. Не беше лесно. Вчера му се јавив. Беше тешко. Се чувствувам лошо, тој е голем професионалец и доста помага на тимот, вели Енрике.

Како што е познато Рамос пред извесно време долго време беше повреден и не играше. Со Шпанија има титула светски првак и две европски титули. Сигурно дека една ваква одлука не беше лесна ниту за него бидејќи националниот дрес без паузи го носи од 2005-та година.