Connect with us

Фудбал

Милан на чекор до засилување, викендов стана шампион во Франција, а сега е во Милано на лекарски прегледи

Медиумите од Италија известуваат дека екипата на Милан е на чекор до првото засилување за новата сезона. Станува збор за голманот Мајк Мењан од Лил, тим кој во Франција ја освои шампионската титула. Тој веќе пристигна во Милано, каде треба да ги мине лекарските прегледи. Потоа се очекува да потпише договор до јуни 2026-та. Платата би била 2,8 милиони на годишно ниво, а Лил би добил 13 милиони обештетување, плус 2 преку бонуси. Ангажирањето на Мењан значи дека и дефинитивно Донарума заминува.