Фудбал
Проблеми за Македонија: Енис Барди позитивен на коронавирус
Еден од најдобрите македонски репрезентативци Енис Барди е позитивен на коронавирус. Информацијата ја потврди и ФФМ. Тој нема симптоми, се чувствува добро. При доаѓањето на собирот, тој ги почитувал протоколите, немал контакт со соиграчите и лицата од стручниот штаб, па другите ќе можат да продолжат со нормална работа.
„Енис Барди е без симптоми и се чувствува добро. Ние како лекарски тим постојано ја следиме неговата здравствена состојба. Пред извесно време имал контакт со дел од играчите на Леванте кои исто така имаат позитивен тест на Ковид-19“ – изјави Александар Савески, кој е дел од лекарскиот тим на репрезентацијата, кој додава:
-Важно е да се напомене дека пред почетокот на собирот на репрезентацијата беа почитувани и запазени сите протоколи согласно УЕФА здравствените регулативи се со цел да се избегне контакт со останатите фудбалери и членови на репрезентацијата.
– Останува да се следи состојбата и да веруваме дека ќе помине без промена на клиничката слика, изјави Александар Савески, дел од лекарскиот тим во А македонската репрезентација.
Европското првенство почнува на 11 јуни, Македонија првиот меч го игра против Австрија на 13-ти, а на 1-јуни е планирана пријателска средба со Словенија.