Фудбал
Тренерите кои ПСЖ ги избрка ја покорија Европа!
Неверојатно да би било вистинито, но сепак така е. Богатите Арапи вложуваат милиони евра во ПСЖ, а примарната цел во изминатите неколку сезони е Лигата на шампионите, бидејќи во последните 10 години се речиси без конкуренција во Франција. И, оваа година навистина интересен податок. Тренерите на кои ПСЖ им врачи отказ, ја покорија Европа. Прво му врачија отказ на Унаи Емери, кој со Виљареал ја освои Лига Европа, откако на пенали беше подобар од Манчестер Јунајтед. Потоа го назначија Томас Тухел, но и тој доби отказ.
Сега, со Челзи, Тухел ја освои Лигата на шампионите.
Пред да добие отказ од ПСЖ, Тухел изјави:
-Во овие шест месени искрено се прашував, дали сум тренер, спортски политичар, министер за спорт? Каде е мојата улога како тренер во овој клуб? Понекогаш работата навистина е голем предизвик, бидејќи на ПСЖ влијаат многу работи кои не се во интерес на екипата. Јас го сакам фудбалот, а во овој клуб секогаш не станува збор за фудбалот.