Фудбал
ФОТО: И УЕФА со стариот македонски дрес-Знаете ли која е оваа 10-ка?
УЕФА почна да одбројува. Остануваат уште 10 дена до стартот на Европското првенство на кое за прв пат ќе учествува и Македонија. По повод тоа, на твитер налогот објавија македонски дрес, оној стариот со сонцето, со бројот 10 и прашаа дали знаете која е оваа 10-ка?
Европското почнува на 11-јуни, а Македонија првиот меч го игра на 13-ти со Австрија со почеток во 18 часот.
⚽️?️ ? days to go to #EURO2020!
Can you name this number 10? ? pic.twitter.com/Dw99ZDyo5k
— UEFA EURO 2020 (@EURO2020) June 1, 2021