Connect with us

Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Три дена, три засилувања за Барселона!

Откако соопштија дека и официјално ги ангажираче Серхио Агуеро и Ерик Гарсија, Барселона повторно се огласи дека завршиле уште еден трансфер. Станува збор за бекот Емерсон, кој практично беше во сопственост на Каталонците, но и на Реал Бетис. Сепак во договорот кога Барселона го испрати во овој клуб постоеше клаузула која тимот од Каталонија може да ја активира од 1-ви јули доколку сака. Па, така раководството на Барселона одлучи да го стори тоа, па го откупи договорот на Бетис за Емерсон во висина од 9 милиони евра. Сега, е во целосна нивна сопственост. Инаку, Емерсон во изминатата сезона беше помеѓу четирите најдобри бекови во шпанската лига, со најмногу голови+асистенции, вкупно 10.