Фудбал
Дали Македонија ќе биде без поддршка во Амстердам, македонски навивачи не можат да патуваат во Холандија
Холандската амбасада во Скопје преку социјалните мрежи информира дека македонските навивачи, сега засега, доколку нема промени, нема да можат да патуваат во Амстердам и да навиваат за Македонија. Тоа е поради тоа што Македонија се уште се наоѓа на листата на земји од кои е забрането патување во Холандија, поради пандемијата со коронавирусот.
-Во врска со претстојниот фудбалски натпревар помеѓу Северна Македонија и Холандија, ве информираме дека забраната за патување во ЕУ за граѓани од трети држави (вклучувајќи ја и Северна Македонија) е сѐ уште во сила. Може да патувате во Холандија само доколку спаѓате во една од категориите кои се изземени од забраната за патување, се вели во соопштението.
Македонија против Холандија игра на 21 јуни, последен меч од групната фаза на ЕП. Претходно во Букурешт ќе ги одигра двата меча со Австрија (13-ти) и Украина (17-ти јуни).