Фудбал
Навивачите на ПСЖ во транс, доаѓаат две големи имиња, се прави дрим-тим
Навивачите на францускиот ПСЖ имаат причини за славје. Како што пишуваат француските, но и италијанските медиуми, бекот на Интер, Хакими е на пат за Париз. Прашање се часови кога тој и официјално ќе биде промовиран. Интер за него ќе добие над 70 милиони евра, а 40 од таа сума треба да му исплати на Реал Мадрид за трансферот во Милано пред една година.
Уште едно големо име е на пат за Париз. Тоа е дефанзивецот на Реал Мадрид и капитен, Серхио Рамос кој не го продолжи договорот со „Кралевите“. Рамос се договорил на две години, денеска треба да ги мине лекарските прегледи, а најверојатно во ист ден ќе бидат промовирани со Хакими.
Како што е познато претходно беше договорен голманот на Милан, Донарума, па се чини дека ПСЖ прави вистински дрим-тим.