Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Англија со почеток од соништата, Италија без ниту една сериозна шанса за цело полувреме

Англија води по 45-минути на „Вембли“ во финалето на ЕУРО 2020. По само две минути игра бекот Лук Шо погоди за 1:0, а тој резултат остана актуелен по првите 45 минути. Италија успеа да ја преземе иницијативата на средината на теренот, упати неколку удар кон противничкиот гол, но сепак за 45 минути немаше ниту една сериозна шанса за израмнување на резултатот. Во очекување сме на второто полувреме кое веројатно ќе донесе подобар фудбал, иако динамиката и во првиот дел беше на ниво на овие две селекции.