Фудбал
ВИДЕО: Шампионите се вратија дома, трофејот пристигна во Рим
Селекцијата на Италија се врати дома, во Рим, откако синоќа на пенали ја совлада Англија и го освои пехарот на ЕУРО 2020. Ова е втор пат во историјата италијанската фудбалска селекција да го освои европското првенство по 1968-ма година. Пред хотелот каде што е нивната база ги пречека помала група навивачи за да ги поздрави. Но, прославата со фановите треба допрва да се случи.