Connect with us

Фудбал

Таткото на ѕвездата на Англија бил повреден во хаосот пред финалето на ЕУРО 2020

Ѕвездата на англиската фудбалска репрезентација, Хари Мегваер соопшти дека неговиот татко е еден од повредените луѓе во хаосот и стампедото кое настана на „Вембли“ пред почетокот на финалето на ЕУРО 2020 помеѓу Англија и Италија.

-Разговарав со него ми кажа дека бил исплашен. Мислам дека добил два удари во ребрата, не сакам да се случува такво нешто на фудбалските натпревари. Посебно не е на така голема настан, изјави Мегваер.

Како што е познато, стотици Англичани, пред почетокот на финалето создадоа стампедо, се пробија покрај обезбедувањето и влегоа на „Вембли“ да го следат финалето. Во меѓувреме настанала и тепачка, помеѓу оние кои имале влезници со оние кои немале и кои се обидувале да влезат без купен билет.