Connect with us

Фудбал

Се огласи и Перез по скандалозните снимки: Разговорот тајно го снимил новинар кој со години безуспешно сака да ги продаде

По скандалозните снимки кои се објавија, а на кои се слуша како првиот човек на Реал Мадрид со погрдни зборови ги навредува најголемите ѕвезди и икони на клубот, се огласи и самиот Перез.

-Објавените цитати се од разговорот кој тајно го снимал новинарот Хозе Антонио Абелан, кој со години безуспешно се обидува да ги продаде, изјавил Перез.

Клубот секако застана во одбрана на претседателот, порачувајќи дека Перез не ги навредувал иконите на клубот и дека објавените работи во медиумите немаат врска со вистината.