Фудбал
Спалети со први пофалби за Елиф Елмас: Мислам дека е феномен
Дали конечно ситуацијата со еден од најдобрите македонски фудбалери Елиф Елмас во Наполи ќе се промени. Како што е познато кај Џенаро Гатузо добиваше минутажа на тацна, а сега италијанскиот тим има нов тренер. Тоа е Лучиано Спалети. Наполи одигра пријателска средба против нисколигаш на кој победија со 12:0, Елиф Елмас постигна еден гол и две асистенции.
Спалети со први пофалби зборови за нашиот репрезентативец, не само за овој пријателски меч, туку и воопшто за она што го покажува на тренинзите во овие изминати неколку дена.
-Не можете да го разберете него затоа што има премногу карактеристики, можете да го играте каде сакате, тој креира и почнува се, пред нас имаме нешто исклучително. Понекогаш не е мерило тоа ако знаете да правите многу работи, но мислам дека тука зборуваме за феномен. Тој е важен фудбалер кој ќе ни биде од голема помош, сметам на него, вели Спалети.