Фудбал
Македонските претставници во Европа губат од кого стигнат
Шкендија и Шкупи се последните претставници на Македонија на европската фудбалска сцена. Шкупи загуби од Санта Клара со 3:0 во првиот меч од второто коло од Конференциската лига на УЕФА.
Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски ги искажа своите впечатоци по синоќешниот убедлив пораз.
Гостите до водство дојдоа во 30.минута со автоголот на Абдул Руватбаја.
– Автоголот што го примивме промени сè, но тимот на Санта Клара прикажаа доста добра игра. Остануваат уште 90 тешки минути, но мора да бидеме професионални и да се обидеме во реваншот да оствариме подобар резултат, изјави Седлоски.
Реваншот во Португалија ќе се одигра на 29 јули.
Македонскиот шампион Шкендија со два гола негатива се враќа од гостувањето во Летонија, откако вечерва загуби од екипата на Рига со 2:0 (1:0) во првиот натпревар од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.
Претходно од Конференциска лига уште во првото коло испаднаа Силекс и Струга Трим Љум.