Фудбал
Пандев: Имаме Македонци, Албанци, Турци…Живееме како едно семејство, на теренот, но и надвор од него
Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев во интервју за емисијата „СпортЛајт“ зборуваше за неговата кариера, но и македонската репрезентација. Како што вели тој, во нашата селекција има Македонци, Албанци, Турци, а сите се како едно семејство. Додава дека Игор Ангеловски е вистинскиот човек за оваа професија.
Што се однесува за времето во Интер, вели дека Дејан Станковиќ многу му помогнал, додавајќи дека е голем човек.
Целата емисија ќе биде емитувана вечерва на СпортКлуб 1 во 22:10 часот.