Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Пандев-Гестот на Холандија, среде Амстердам сите да стојат на нозе, никогаш нема да го заборавам

Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев, кој по ЕП и дебитантскиот  настап на Македонија, се повлече од националниот дрес, за емисијата „СпортЛајт“, која ќе биде емитувана вечерва во 22:10 на СпортКлуб 1 изјави дека гестот на Холанѓаните никогаш нема да го заборави.

Како што се сеќавате, тој меч против Холандија на ЕП беше последен во дресот на Македонија за Пандев, па доби холандски дрес на кој беше испишано неговото презиме и бројот на настапи. Сите фудбалери на Холандија, но и публиката стана на нозе да му аплаудира.