Фудбал
Македонски фудбалски тренер освои бронзен медал на Олимписките игри во Токио со неговиот тим
Македонскиот фудбалски стратег Владко Андоновски ја предводеше женската фудбалска селекција на САД до бронзениот медал на Олимписките игри во Токио. Во фантастична фудбалска претстава, на која беа постигнати вкупно седум голови, САД славеше против Австралија со 4:3 во битката за третото место.
Во битката за финалето претходно САД загуби со Канада со 1:0, кои пак утре против Шведска ќе се борат за златниот медал.