Connect with us

Фудбал

Ериксен не се откажува, самиот најави кога ќе почне повторно да игра фудбал

Кристијан Ериксен пред два дена допатува во Милано, за прв пат откао колабираше на терен за време на ЕУРО 2020 и откако му беше вграден дефибрилатор. Тој имаше проблеми со срцето па поради тоа падна на теренот.
Лекарите во Италија се строги. Не му дозволуваат повторно да игра фудбал, се додека го носи апаратчето кое помага во регулирањето на работатана срцето. Но, Ериксен не се откажува. Во изјава за Кориере дело Спорт даде куса изјава.

-За четири или пет месеци повторно ќе играм фудбал, кусо изјави Данецот.

Тој во наредниот период ќе подлежи под одредени тестови, а доколку се покаже дек може да игра без дефибрилатор ќе му биде изваден и ќе добие дозвола од лекарскиот тим за да игра натпревари.