Фудбал
ФОТО: ПСЖ ги демантираше информациите од Катар, нема договор со Лионел Меси
Во петокот, Калид бин Хамад Бин Калифа Ал -Тани – полубрат на емирот на Катар, сопственикот на ПСЖ објави дека е постигнат договор со Меси.
-Преговорите се официјално завршени“, напиша тој на твитер.
Negotiations are officially concluded. And announce later #Messi #Paris_Saint_Germain pic.twitter.com/BxlmCfARII
— خلـــيفة بـــن حمـــد آلــ ثانــــــي (@khm_althani) August 6, 2021
Но, сега клубот целосно ги отфрли таквите тврдења. Како што објави угледниот портал за фудбал “Goal.com“, објави дека побарале став од клубот, а тие ги демантирале овие информации.
-Одделот за комуникации на ПСЖ за Goal изјави дека изјавите на Ал-Тани дека договорот е завршен се лажни, нема таков договор помеѓу клубот и Меси, пишува порталот.

Откако тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека ги потрошиле сите пари на Грилиш, за кого платија 100 милиони фунти, сега немаат никакви шанси да го ангажираат Меси. Па, така единсвениот клуб кој во моментов може да си го дозволи Аргентинецот е ПСЖ.