Connect with us

Фудбал

Познат новинар тврди: Меси ја чека официјалната понуда од ПСЖ

Лео Меси и неговиот татко Хорхе, кој воедно е негов менаџер, чекаат официјална понуда за договор  од ПСЖ. Како што тврди познатиот новинар, кој важи за добро упатен во трансферите, таа понуда треба да пристигне најдоцна до крајот на овој викенд. Според Фабрицио Романо, Меси е подготвен да ја прифати понудата од францускиот тим. Вкупната сума која ја нуди ПСЖ е 35 милиони евра годишно, со вклучени бонуси, за договор до 2023-та, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона односно до 2024-та.

Во петокот вечерта, братот на сопственикот на ПСЖ на Твитер објави дека договорот со Меси е постигнат и дека преговорите се завршени, но во текот на денешниот ден ова го демантираа од ПСЖ. Сепак, иако е очигледно дека преговорите не се завршени, најверојатно ПСЖ ќе биде идната дестинација на Аргентинецот, со оглед на тоа дека во овој момент ниту еден друг клуб не може да ги исполни неговите финансиски побарувања.