Connect with us

Фудбал

Меси во ПСЖ, Лукаку во Челзи, лутиот Агуеро во Интер, ќе имаме ли лудо трансфер лето?!

Лионел Меси замина од Барселона, негова следна дестинација речиси сигурни е ПСЖ. Во прашање се часови или денови кога потписот ќе биде официјален. Ромелу Лукаку во наредната недела ќе го облече дресот на Челзи. Англискиот тим со Интер се договорил за трансфер на Белгиецот за 115 милиони евра. Е, сега во Интер би можел Серхио Агуеро како замена за Лукаку.

Имено, дел од каталонските медиуми тврдат дека Агуеро е многу лут на раководството на Барселона, бидејќи по завршувањето на минатата сезона се одлучил да замине од ПСЖ и да дојде  во Каталонија бидејќи му било кажано дека ќе игра во тандем со неговиот добар пријател Лионел Меси.

Сега, откако стана јасно дека Меси нема да го продолжи договорот со Барса, Агуеро преку својот менаџер и адвокатски тим побарал од клубот да замине.

Целата ситуација ја следи будно Интер, кој дел од парите со продажбата на Лукаку сака да ги искористи за Кун Агуеро. Колку ова ќе успее останува да се види.