Фудбал
ВИДЕО: Каква одбрана на Каспер Шмајхел, еден од заслужните што Лестер му го зема трофејот на Манчестер Сити
Лестер го совлада Манчестер Сити во Комјунити Шилд, или англиски суперкуп, традиционално пред почетокот на новата сезона, со 1:0 и со тоа не му дозволи на силниот тим на Гвардиола да ја започне новата сезона со трофеј. Стрелец на единствениот гол беше Ихеаначо во 89-та минута, а Сити беше подобар противник на овој меч. Еден од заслужните што Лестер го освои трофејот е голманот Каспер Шмајхел кој се истакна со своите одбрани, а особено при ударот на Гундоган од прекин уште во првите неколку минути од мечот.