Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Мурињо на пријателска доби црвен картон, ќе биде ова „жешка“ сезона во Италија

Жозе Мурињо во следната сезона ќе ја предводи Рома. Се очекува Португалецот да го препороди тимот од Рим и конечно да направи состав кој постојано ќе биде конкурентен за највисок пласман, па и за трката за титулата.

Но, на пријателскиот меч со Реал Бетис, Рома не помина добро. Загуби со 5:2, тројца играчи добија црвен картон, а поради бурните реакции исклучен беше и Мурињо. Сето тоа започна кога фудбалер на Бетис постигна гол за 3:2, а фудбалерите на Рома бурно реагираа дека се послужил со раката.

Каква само сезона не очекува во Италија.