Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Меси во Париз ги избриша солзите, сега има насмевка, носеше маичка на која пишува „Ова е Париз“

Лионел Меси пристигна во Париз. Стотици, илјадници фанови го дочекаа. Кусо само се појави на прозорецот, солзите од Барселона ги смени со насмевка, а носеше и маичка на која пишуваше „Ова е Париз“. Инаку, Меси во текот на денешниот ден ќе ги мине лекарските прегледи и ќе потпише двегодишен договор со ПСЖ за плата од 35 милиони евра годишно.