Фудбал
ВИДЕО: Брука во Галатасарај, удри соиграч со глава, а потоа му удираше и шлаканици
Централниот дефанзивец на Галатасарај, Маркао доби црвен картон, откако го удри во глава својот соиграч Керем Актуркоглу, за време на нивниот прв натпревар сезонава, во понеделникот вечерта против Гиресунспорт.
Се чини дека Маркао беше испровоциран од Актуркоглу откако Галатасарај го постигна вториот гол на натпреварот. Како одговор на ова, Маркао тргна агресивно кон својот соиграч и почна да го удира со клоци додека другите играчи реагираа за да избегнат понатамошен судир.
Фудбалерот доби црвен картон откако судиите ја прегледаа ВАР снимката. Инаку, Галатасарај победи со 2:0.
Galatasaray'ın Brezilyalı stoperi Marcao, saha için takım arkadaşı Kerem Aktürkoğlu'nu dövdü! @panenkasports'u takip edin. pic.twitter.com/3ZNRN3ts6E
— Panenka Video (@panenkavideo) August 16, 2021