Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Отпишаниот фудбалер од Куман изненаден од навивач- Не го заслужуваш ова што ти го прави Барселона

Самуел Умтити нема место кај Роналд Куман, како и Миралем Пјаниќ, сепак тој упорно одбива да замине.

Умтити редовно доаѓа на тренинзи. Го почитува договорот што го има, а покрај тоа што е на милост и немилост на клубот и тренерот Роналд Куман, не го сакаат ниту навивачите на Барселона.

Несреќниот дефанзивец беше исвиркан на презентацијата на тимот. Тој беше емотивно скршен после тоа, но се уште нема шанси да го напушти клубот без некоја голема понуда.

Затоа денешната средба со еден млад навивач беше големо изненадување. Тој застана на страната на францускиот фудбалер и му рече:

-Не го заслуживте она што ви го направи Барселона , му порача навивачот.

На овие зборови Умтити кратко одговори: Ништо не се случи, таков е животот.

27-годишниот дефанзивец е во Барселона од 2016 година. За клубот одигра 132 натпревари и постигна два гола.

Во последните три сезони, тој имаше многу проблеми со повредите и често пати отсуствуваше од теренот.