Connect with us

Фудбал

Изречени казните за инцидентот на мечот Марсеј-Ница, едногодишна суспензија доби физиотерапевт

Пабло Хернандез, физиотерапевтот на Марсеј е суспендиран од фудбалот на една година поради инцидентот во Ница, поради удирање на навивач. Ница е казнета со одземање на два бода, Паје е суспендиран на еден натпревар, додека Алваро Гонсалес на два натпревари. Се очекува мечот да биде повторен пред празни трибини.

22 август навивачите на Ница гаѓаа кон играчите на Марсеј во текот на целиот натпревар, додека Димитри Паје им одговори на ист начин.

Го зеде шишето и гаѓаше на трибините во Ница, а потоа настанал уште поголем хаос. Навивачите влетаа на теренот, играчите побегнаа од истиот и играта беше прекинат.

Еве како изгледаше сето тоа.