Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Солзите на Лионел Меси кои не можеше да ги сопре доволно говори колку му значи овој пехар

Селекцијата на Аргентина пред извесно време го совлада Бразил во финалето на Копа Америка со 1:0 и го освои пехарот. Сепак, Лионел Меси и дружината дури синоќа, по мечот со Воловија (3:0) во квалификациите за пласман на СП 2022, одлучија да го прослават пехарот со своите фанови и семејства, на стадионот во Буенос Аирес во својата земја.

Моментот беше емотивен, особено за најдобриот Лионел Меси. Иако има голем број пехари, сепак според солзите, кои не можеше да ги сопре, може да се каже дека овој пехар можеби е највредниот за него.