Connect with us

Фудбал

Роналдо веќе имал договор со Пеп Гвардиола, но…

Роналдо имал контакти со Пеп Гвардиола, менаџерот на Сити бил воодушевен од можноста да соработува со Португалецот и му најавувал дека може слободно да очекува дека ќе ја заврши сезоната со 40 постигнати голови.

Ова го тврди познатиот шпански новинар Гилјам Балаг.

Како што вели тој, Јувентус дал зелено светло бидејќи две години сакал да се ослободи од Роналдо, иако тоа го негираше преку блиските медиуми.

Но, за да се реализира трансферот, Сити морал да продаде барем еден фудбалер од офанзивниот дел, или некого меѓу Рахим Стерлинг, Бернардо Силва и Габриел Жезус.

И додека се разсмислувале во Сити, кој од овие фудбалери да биде продаден, Манчестер Јунајтед добил информација дека Роналдо е достапен и реагирал веднаш. Се разбира тука удел имал и Сер Алекс Фергусон.