Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Реал Мадрид го совлада Интер, но играч на мечот беше голманот на „Кралевите“ Тибо Куртоа

Интер и Реал Мадрид одиграа одличен меч, со многу динамика и шанси. На крајот славеа „Кралевите“ со голот на Родриго во 89-тата минута од мечот. Италијанскиот шампион има причини да жали за ваквиот резултат бидејќи беа подобар противник, а особено во првото полувреме каде создадоа неколку одлични шанси за гол, пред се преку Мартинез и Џеко, но голманот на гостите Тибо Куртоа одлично интервенираше. Токму затоа Куртуоа имаше највисока оценка на мечот и беше прогласен за најдобар поединец.

Реал Мадрид постигна гол практично од првата т.н стопроцентна шанса, кога за прв пат на овој меч одбраната на Интер „заспа“, па Родриго од непосредна близина го совлада Хандановиќ.