Connect with us

Фудбал

Тиквеш доби големо тренерско име

По спогодбениот раскин на договорот со тренерот Пане Блажевски, денес по одржаниот состанок помеѓу Градоначалникот Митко Јанчев и Акционерското друштво се донесе одлука за назначување на нов шеф на стручен штаб на ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци.

Во просториите на Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци, официјално е ставен потпис на договорот од страна на претседателот на ГФК Тиквеш 1930 Миле Масларков и шефот на стручниот штаб Влатко Костов. Договорните страни се согласија на 2 годишна соработка.

 

Влатко Костов е поранешен тренер на Ренова, тим со кој ги освоил шампионската титула и купот, а Осогово, Куманово, Брегалница и Турново успеал да ја освои Втората лига и да ги внесе во Прва.