Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Што се случува со Меси? Сите ја видоа топката во мрежата, а таа заврши некаде далеку на трибините

Лионел Меси имаше уште една лоша партија, или поточно речено, не одигра како што се очекуваше. ПСЖ загуби на гостувањето кај Рен, а триото Меси, Мбапе и Нејмар беше одлично затворено од дефанзивците на противникот. При една ситуација, од која Меси постигнал голем број голови, сите ја видоа топката во мрежата, но таа заврши таму некаде далеку на трибините. Навивачите се прашуваат што се случува со Аргентинецот, кој не е на нивното од Барселона.