Connect with us

Фудбал

ФОТО: Ибрахимовиќ самиот си го честита роденденот со „играчка“ од 400.000 евра

Ибрахимовиќ го прослави својот роденден купувајќи Ферари за 400.000 евра, поточно моделот Ферари СФ90 Стрададејл. Со дополнителна „шминка“, оваа „играчка“ всушност ќе чини околу 430.000 евра.

Интересно е тоа што Ибрахимовиќ го направи истото минатиот роденден. Тој е почести со моделот Порше  9111 Тарга 41.

Се разбира, на крајот, Златан си го честиташе роденденот, како што сме навикнати, во свој стил.

Инаку, Ибрахимовиќ успешно се опорави од повредата и наскоро повторно можеме да го очекуваме на зелените терени во дресот на Милан. Тој денеска наполни 40 години.