Connect with us

Фудбал

Саутгејт: Секој пат кога избирам состав ме боли глава, се чувствувам како злосторник

За англискиот тренер Герет Саутгејт воопшто не е лесно да ги избере стартните 11.

Поради силната и жестока конкуренција, Саутгејт го „боли глава“ секој пат кога го бира составот, и ова го рече пред утрешниот натпревар со Унгарија, како дел од квалификациите за Светското првенство.

„Ќе има промена. Имаме многу добар и силен тим и сакаме сите во тимот да се чувствуваат задоволни, да ја знаат нивната вредност и да знаат дека можат да ни помогнат“, рече англискиот селектор.

„Имам главоболка и се чувствувам како злосторник секој пат кога избирам состав. Има голема конкуренција за секое место“, додаде тој.

Англија е убедливо прва во групата И со 19 бода (шест победи и нерешен резултат). Пред два дена Англичаните ја демолираа Андора на гости со 5:0, и секако се големи фаворити пред дуелот со Унгарците, кој се игра вечерва од 20:45 часот на стадионот „Вембли“ во Лондон.