Connect with us

Фудбал

Баерн ги уништи „Фармацевтите“ во првото полувреме, а потоа го преспа продолжението од натпреварот

Баерн го декласираше Баер Леверкузен со 1:5 во 8. коло од Бундеслигата.

Се беше завршено во првото полувреме кога Баерн имаше предност од 0:5.

Гостите ја отворија серијата со мајсторски гол на Левадовски во четвртата минута, а полскиот напаѓач го постигна вториот гол за 0:2 во 30. минута. Асистенти беа Упамекано и Дејвис.

Во 34. минута Милер погоди за 0:3, асистент беше Суле, а минута подоцна Гнабри погоди за 0:4, а овој пат Милер беше асистент.

„Нокаутот“ на „Фармацевтите“ го зададе Гнабри со гол за 0:5 во 37. минута, а асистенцијата ја запиша Горецка.

Во продолжение домаќините го ублажија поразот со голот на Шик во 55. минута по убавото додавање на Вуртц и 1:5 беше конечниот резултат на денешниот натпревар.