Фудбал
Каква сцена во Серија А: Голманот тргна да се пресмета со играчот затоа што го понижи со „паненка“ (ВИДЕО)
Емполи ја декласираше Салернитана во првото полувреме и поведе со 4:0 по 45 минути игра.
Гостите имаа три гола разлика по головите на Пинамонти, Кутроне и автоголот на Страндберг по само 13 минути игра, а во последната минута од првото полувреме дојде и четвртиот гол.
Судијата Даниеле Довери покажа на белата точка, а Андреа Пинамонти ја презеде одговорноста за изведувањето на пеналот.
И приреди спектакл. Со паненка го понижи голманот на домашната екипа Вида Белец, а тоа на овој не му се допадна.
El cucchiaio di Pinamonti pic.twitter.com/IOgUfcwGqJ
— Matthijs_pog (@MatthijsPog) October 23, 2021
За Белец ова било понижување, па почнал да трча кон Пинамонти.
За среќа, тој беше спречен во тоа, а кој знае што ќе се случеше доколку успееше да стигне до Пинамонти.