Connect with us

Фудбал

Тажна слика од „Олд Трафорд“: Реакцијата на Фергусон најдобро го отсликува срамот на „Црвените Ѓаволи“

Манчестер Јунајтед и Ливерпул на Олд Трафорд го одиграа дербито од деветтото коло на англиската Премиер лига.

„Црвените ѓаволи“ доживеаа невиден срам пред своите навивачи бидејќи загубија со 5:0 од најголемиот ривал.

Ливерпул поведе во петтата минута со голот на Кеита, а осум минути подоцна Жота зголеми на 2:0.

Третиот гол го постигна Салах во 38. минута, а истиот играч погоди за 4:0 во судиското надополнување од првото полувреме.

Салах беше во центарот на вниманието и на почетокот на вториот дел кога постигна хет-трик и го зголеми водството на „црвените“ на 5:0.

На трибините на Театарот на соништата беше и легендарниот Сер Алекс Фергусон, а камерите ја снимија неговата реакција по голот на Салах, кој кажува се.