Connect with us

Фудбал

Ниту Салах, ниту Роналдо: Некој трет беше во центарот на вниманието на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед доживеа вистински срам против Ливерпул бидејќи гостите победија со високи 0:5.

Мохамед Салах и Кристијано Роналдо се најголемите ѕвезди на теренот, но интересно е дека не стекнаа слава во првото полувреме, барем не кај камерманите.

Роналдо беше толку исфрустриран што го погоди младиот Џонс во последните минути, додека брилијантниот Салах постигна три гола.

Сепак, камерите го бараа Солскјаер кој изгледаше скаменет по четвртиот гол на „црвените“.

Неколку моменти стоеше како статуа што воопшто не трепна. Кога решил да тргне по патот кон соблекувалната, навивачите го исвиркале.

Ако денот се знае наутро, Манчестер Јунајтед во наредните денови ќе бара нов тренер.