Connect with us

Фудбал

Куман „ја разбира“ фрустрацијата на навивачите по Ел Класико: „Долго е првенството“

Барселона денеска на „Ел Класико“ на Камп Ноу беше поразена од Реал Мадрид со 2:1.

Карло Анчелоти целосно го надмудри Роналдо Куман, а холандскиот стручњак на клупата на Барселона смета дека неговиот тим заслужил повеќе од пораз.

„Заслужуваме повеќе. Тешко е да се прифати овој резултат“, го започна својот говор Куман на прес-конференцијата и продолжи:

„Кога ќе погледнете како тие поведоа… Наместо ние да водиме, ние примивме гол. Разочаран сум од резултатот, но не и од играта на тимот“.

Куман истакнува дека го разбира бесот на навивачите.

„Целосно разбирам дека се фрустрирани. Загубивме повеќе од три бода. Сепак, ова е Ел Класико. Сепак, шампионатот е долг и мораме да продолжиме да победуваме“, рече Куман.

Барселона во моментов се наоѓа на деветтото место во Примера со 15 бода од девет одиграни натпревари.