Connect with us

Фудбал

Познатите составите на Интер и Јувентус, Инзаги доби лоши вести на еден час пред натпреварот

Интер и Јувентус играат големо дерби вечерва во рамките на деветтото коло во Серија А.

Актуелниот шампион на Италија на домашен терен го пречекува лутиот ривал од Торино и сигурно е дека на „Меаца“ не очекува многу возбуда.

Интер го пречекува натпреварот по поразот од Лацио, додека Јувентус е во серија од четири последователни победи.

Натпреварот на „Меаца“ се игра од 20:45 часот, а Инзаги и Алегри ги објавија почетните состави.

Исто така Инзаги вечерва не може да смета на Артуро Видал кој не е во конкуренција за мечот поради грип што е удар за Интер бидејќи Чилеанецот требаше да игра од првата минута.

Интер: Хандановиќ, Шкриниар, Де Вриј, Бастони, Дармијан, Барела, Брозовиќ, Чалханоглу, Перишиќ, Лаутаро, Џеко.

Јувентус: Шчесни, Данило, Бонучи, Киелини, Куадрадо, Мекени, Локатели, Бернардески, Алекс Сандро, Кулушевски, Мората.