Фудбал
Чави не ја ни презеде Барселона, а веќе знае кого сака да донесе на „Камп Ноу“ во јануари
Роналд Куман доби отказ на клупата на Барселона по поразот од Рајо Ваљекано.
Барселона дава навистина очајни резултати оваа сезона, а претседателот на клубот Жоан Лапорта одлучи дека е време да го отпушти Куман откако тој прокоцка уште една шанса.
Каталонците прво беа поразени во Ел Класико во неделата, а неколку дена подоцна неочекувано загубија на гостувањето кај Рајо Ваљекано.
Само неколку часа по натпреварот во Мадрид беше потврдено дека Куман е отпуштен и дека Барселона ќе добие нов тренер.
Се чини веќе јасно дека нов тренер на каталонскиот клуб ќе биде Чави Ернандез кој по шест години ќе се врати во клубот каде што се прослави како фудбалер. Чави моментално е тренер на катарскиот Ал Сад, но овој клуб нема да му прави проблеми бидејќи знаат колку сонува да биде тренер на Барселона.
Се очекува Чави во текот на викендот и официјално да ја прекине соработката со Ал Сад, по што ќе потпише договор со Барселона, а на клупата на каталонскиот клуб треба да дебитира во вторник на дуелот против киевски Динамо во Лигата на шампионите.
Шпанските медиуми пишуваат дека Чави на Лапортa како тренер на Барселона му ги претставил својот план и програма и рекол дека клубот ќе мора да донесе неколку засилувања во јануари.
„RAC1“ објави дека главни цели на Чави во јануари ќе бидат Рахим Стерлинг од Манчестер Сити и францускиот дефанзивец Жил Кунде кој игра во Севиља. Тој исто така рече дека сака клубот што поскоро да го обнови договорот со Усман Дембеле.
? Xavi has already identified his transfer targets at Barcelona for January:
• Raheem Sterling
• Jules KoundéHe also wants the board to secure the contract extension of Ousmane Dembélé.
(Source: @RAC1) pic.twitter.com/NHU9CjNbgo
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 29, 2021
Познато е дека Барселона е во голема финансиска криза и прашање е колку ќе успее да ги исполни желбите на Чави, па затоа најважно им е во моментов тој да го раскине договорот со Ал Сад и да ја преземе клупата на великанот од „Камп Ноу“.