Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ без влакна на јазикот за Мбапе: „Го сакам, но не се труди доволно“

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ даде интервју за „Франс Фудбал“ во кое зборуваше за својата кариера, но и за уште неколку фудбалери кои моментално се во центарот на вниманието.

Ибрахимовиќ неодамна го прослави својот 40-ти роденден, но се уште нема намера да ја заврши кариерата бидејќи игра многу добари натпревари во дресот на Милан.

Шведскиот напаѓач даде интервју за „Франс Фудбал“ и зборуваше за уште неколку играчи, а особено за играчите кои штотуку излегуваат на сцена и покажуваат дека полека ја „превземаат палката“.

Новинарот го праша Ибрахимовиќ што мисли за Килијан Мбапе, за кој многумина веруваат дека наскоро ќе биде најдобриот фудбалер на светот.

Сепак, Ибрахимовиќ смета дека Мбапе не се посветил максимално на фудбалот, односно на напорна работа за еден ден да биде на врвот на светот.

„Го сакам Мбапе, но тој не се труди доволно. Може да стане толку силен, но само ако почне да го остава максимумот на секој тренинг. Мора да чувствува крв, да оди на оган и да се опкружува со луѓе кои ќе кажат тој не е доволно добар и може уште подобро. Само тогаш ќе може да надмине некои легендарни играчи“, изјави Ибрахимовиќ.

Исто така, Ибрахимовиќ во свој стил одговори на прашањето кој е моментално во ТОП 10 од фудбалерите кои се на сцената.

„Мбапе е безбеден овде. Има неколку играчи кои се долго време на врвот, а се уште се млади. Тука е и Халанд, но и Ибрахимовиќ. Не треба да зборуваме за другите. Сакам да им покажам на сите дека Сè уште можам да го работам она што го сакам и дека 40 е само бројка. Не можам да играм како пред пет или десет години, но сега сум попаметен и поискусен на теренот“, додаде Златан.