Connect with us

Фудбал

Ал Сад од Барселона не сака пари за Чави бидејќи има доволно, но сака нешто сосема друго

Барселона се уште не успеала да го реши прашањето за нов тренер, но сите се сигурни дека на таа позиција ќе дојде Чави Ернандез.

Барселона минатата недела реши да му врачи отказ на Роналд Куман по серијата слаби резултати, а Серхи Бархуан беше назначен за привремен тренер на првиот тим.

Но, од првиот ден се шпекулира дека нов тренер ќе биде легендарниот Чави, кој моментално го предводи тимот на Ал Сад. Чави има договор со катарскиот клуб, но е подготвен на се за да се врати во Барселона.

Помошниците на Жоан Лапорте синоќа отпатуваа за Катар за да го гледаат натпреварот на Ал Сад, а подоцна разговараа со Чави и челниците на клубот за да се обидат да се договорат за неговото раскинување.

Чави се согласи на сите услови на Барселона и остана само Ал Сад да дозволи пријателски прекин на соработката.

Барселона треба да плати откупна клаузула за Чави, но од катарскиот клуб порачаа дека парите не им требаат бидејќи имаат доволно, а на Барса и поставија уште еден услов.

Имено, наместо пари, тие побараа од Барселона во блиска иднина да дојде во Катар за да одигра пријателски натпревар со овој клуб и дека тоа ќе им донесе многу повеќе од откупна клаузула.

Немаат ништо против Барселона и веднаш се согласија со условот на Ал Сад, а наскоро се очекува и официјална потврда дека Чави е нов тренер на Барселона. Според шпанските медиуми, се треба да се реши многу брзо.