Фудбал
Сите се обидуваа да откријат кој беше со Фернандо Торес синоќа на „Енфилд“.
Фудбалерите на Ливерпул синоќа на домашен терен го победија Атлетико Мадрид со 2-0.
„Црвените“ успеаја да дојдат до нова победа против мадридскиот клуб, а синоќа на „Енфилд“ славеа со 2:0.
Ливерпул поведе во 13. минута со голот на Јота, а само осум минути подоцна Садио Мане погоди за 2:0, што беше и конечниот резултат на натпреварот. Атлетико играше со играч помалку по 36 минути откако Фелипе доби директен црвен картон.
Синоќа на „Енфилд“ во центарот на вниманието беше човекот кој остави голема трага во двата клуба, а секако тоа е Фернандо Торес.
Торес неодамна ја започна својата тренерска кариера во Атлетико и ја искористи можноста да се врати на Енфилд каде доби аплауз од домашните навивачи кои многу го ценат сето она што го постигна во дресот на Ливерпул.
Но во центарот на вниманието беше личноста која седеше до Торес. Шпанецот донесе неколку луѓе со себе на „Енфилд“, но никој не можеше да открие кој му седел лево бидејќи беше целосно камуфлиран.
Fernando Torres taking E.T to Anfield is a nice touch pic.twitter.com/pvbgZXkdOU
— Average Striker (@AverageStriker) November 3, 2021
‘There he is… Fernando Torres’ ‘god the person next to him must be cold’ ??? pic.twitter.com/6GR10kbYNX
— Nic (@LiverpoolNicola) November 3, 2021
Легендарниот шпански напаѓач за Ливерпул одигра 142 натпревари и постигна дури 81 гол, а запиша и 20 асистенции. Секако, најмногу натпревари одигра за Атлетико, за кој настапи на 356 натпревари, а постигна 122 гола и додаде 16 асистенции.
Торес во својата кариера сепак играше за Челзи, Милан и јапонскиот Саган Тосу каде што ја заврши кариерата пред две години.